ЖивотУбави совети

Десет знаци дека сте го скршиле неговото срце!

Можеби мислите дека никогаш не сте скршиле нечије срце, но веројатно е дека мислите грешно. Мажот кој го напуштате се обидува да го зачува достоинството и не сака да покаже пред вас колку навистина всушност го повредувате. Сепак, постојат мали знаци кои велат дека неговото срце е скршено, а неговото его е намалено, и вие сте единствената која е крива за тоа. Човекот кој ја губи својата сакана жена страда и го уништува своето его, како и желбата за иднина барем за некое време. Еве некои знаци од кои можете да заклучите дали сте скршиле челик(машко срце),  без оглед дали сте имале таква намера или не:

Тој одбива да ве види, се прави само да ве избегне кога случајно ќе налета на вас. Моли да се смирите, ве презира и сака истовремено само за да си олесни. Ви кажува колку навистина сте го повредиле и упропастиле. Се обидува да остане ладен кон вас. Не излегува никаде и со никого од кога се разделивте. Стана опседнат со спорт и теретана. Објавува патетични постови на социјалните мрежи. излегува со пола град, се фотка со различни девојки. Утехата си ја бара во алкохол и храна. Не може да ја сокрие лутинта додека разговара со вас. Ве озборува пред вашите пријателки само затоа што знае дека тоа ќе стигне со вас и така ќе ве повреди.

Доколку вашето бившо момче може да го пронајдете барем во една од горенаведените ситуации бидете сигурни дека тој после вас останал момче со скршено срце!

Поврзани статии

Back to top button