ЖивотУбави совети

Десерт со кој пораснавме, а го обожуваат и нашите деца!

Наједноставен, брз и превкусен десерт! Идеален е за љубителите на чоколаден вкус помешан со лешници или ореви. Потребни се само пет минути да ги измешате состојките и да ја ставите смесата на печење.

Состојки:

1 чаша шеќер
1 чаша брашно
1 чаша мелени лешници или ореви
1 чаша кисела павлака
1/2 чаши на какао
1/2 чаши масло
1 ванилин шеќер
1 прашок за пециво
4 јајца

Сите состојки ставете ги во длабок сад и со миксер измешајте ги. Потоа на плех ставете хартија за печење и полијте ја смесата. На 170 степени печете го колачот 45 минути. Од како ќе се излади прелијте го со топено чоколадо, кокос или шеќер во прав.

Поврзани статии

Back to top button