Од насУбави муабети

Да се има син е прекрасно!

Врската помеѓу една мајка и син е секогаш посебна!

Мајката е најдобра пријателка на синот, најголема поддршка и секогаш подготвена за гушкање. Следниве неколку фотографии ќе ви ја доловат прекрасната врска помеѓу мајките и синовите.

Јас те чувам секогаш. Некогаш, очите ми се на тилот.

Моментот кога заспиваш во мојата прегратка не би го менувала за ништо на светов!

Времето кое го поминуваме заедно смеејќи се до солзи е непроценливо богатство.

Оти за твојата насмевка би го направила и невозможното!Ќе те учам секогаш да бидеш искрен, добар и пријателски настроен. Никогаш не знаеш каква тежина носи човекот кој денес ќе го сретнеш. На твоите први чекори јас се радував како дете што на играчка се радува. За мене, тоа беа најважните исчекори во целата историја на општеството! Моја мисија ќе биде да ти помогнам да ги оствариш твоите соништа!

Ќе те гушкам секогаш. Дури и кога ќе бидеш возрасен. Мајчинската прегратка ништо не може да ја замени!Ќе те учам да танцуваш низ животот. Така полесно ќе ги надминеш пречките на патот кон успехот! Сакам еден дел од тебе секогаш да биде дете! Невин и искрен! Ако некој ме праша како изгледа мојот свет, ќе му покажам фотографија од тебе! Твоите мали дела на љубов за мене се најголемите!

Ќе бидеме пријатели, сега и засекогаш. Ќе си веруваме еден на друг, ќе се подржуваме еден со друг.И знам дека и тогаш кога нема да имам многу, јас имам се. Имам син!И да, да се има син е прекрасно. Да се имаат двајца е уште попрекрасно!

Поврзани статии

Back to top button