Дали сте една од жените кои премногу се трудат? И зошто е тоа голема грешка?
Дали познавате или можеби сте една од оние жени кои се трудат да дојдат до партнер, но не оди од рака? Кога се наоѓаме од другата страна, лесно можеме да го препознаеме, но ако сме сами на таа кожа, ретко го откриваме проблемот. Но, овие се јасни показатели дека сте успеале да “паднете” во кругот на жени кои едноставно премногу се тудат.
Секогаш зборуваат дека си сингл!
Не е погрешно да се обелодени и да се прифати фактот дека сте сами подолго време, но понекогаш премногу жени се премногу напорни. Секогаш ќе ги слушнете како ги изнесуваат фактите за тоа зошто е добро или лошо да се бидеш соло, користејќи каква било ситуација да нагласат дека тие бараат момче, често истакнувајќи дека не разбираат зошто не можат да најдат некого … Тие едноставно се преоптоварени со својот сингл статус.
Се преправаат дека ги интересираат работи за кои воопшто не се заинтересирани.
Жените кои премногу се трудат ги усогласуваат своите интереси со интересите на нивниот потенцијален партнер. Тие почнуваат да следат спорт или да го менуваат музичкиот вкус, само за да имаат нешто заедничко со човекот за кој се трудат…Но, момците всушност не “паѓаат” во заеднички интереси ако не се вистински и поддржани со одредено знаење. Нозете на лагата се кратки.
Тие поминуваат часови и часови додека се подготвуваат за состанок.
Сите ние сакаме да изгледаме беспрекорно добро на првиот состанок, но жените кои премногу се трудат трошат многу време подготвувајќи се. Драматизираат во врска со облеката, за местото каде што треба да се оди, што ќе кажат а што ќе премолчат. Едноставно многу се оптеретуваат и трудат наместо да се препуштат на спонтаноста.
Мислат дека се подобри од другите.
Доколку жената има навика да ја изговара оваа реченица “Ау, онаа има дечко, јас немам, а види ја каква е”, притоа ги дофрла сите ситници во кои она е подобра значи дека е жена која премногу се труди. Таквиот став е сосема погрешен, на виделина го вади очајот кој го чувствува жената и безобразлукот кој го мисли за другите.