ЖивотУбави совети

Дали профилот на социјалните мрежи ја уништува љубовната врска?

Кога ќе го прочитате ова, ние сме сигурни дека ќе почнете да копнеете по старите добри времиња кога вашиот партнер ве барал на фиксен телефон. 🙂 Ова се најголемите индикатори дека социјалните мрежи имаат лошо влијание врз врската:

24 часа онлајн. Доколку еден од партнерите е постојано онлајн на социјаните мрежи тоа кај другиот партнер ќе предизвика недоверба и лоши мисли. Сте се фатиле сами себе си како понекогаш поради Фејсбук и Инстраграм се чувствувате како да сте во љубовен триаголник? Понекогаш се случува и двајцата партнери да се подеднакво нарцисоидни и опседнати со споделување на нештата на социјалните мрежи, но многу почесто е кога само едниот од партнерите е опседнат со споделување на се и сешто на профилот, а другиот не сака да го споделува секој момент со секого. Се разбира, тука се караниците.

Сиромав секс. Истражувањата покажуваат дека се повеќе и повеќе млади луѓе имаат тенденција да ги проверуваат социјалните мрежи за време на сексот или после него. Ние не мора да ви објаснуваме зошто тоа е лошо, нели ?! 🙂

Љубомора. Еден лајк или коментар кој не значи апсолутно ништо може да предизвика големи недоразбирања, а да не заборавиме и на пораките во сандачето. Љубомора поради интеракција на Фејсбук е се почеста, и често предизвикува паузи и развод.

Фотографии кои се темпирани бомби.  Слики со поранешна љубов се еден проблем, а фотографиите на кои сте означени од некои пријатели претставуваат темпирана бомба. Безвредната интеракција со некој на сликата може да се толкува сосема поинаку, особено ако се земе предвид притисокот на другите, на пример, пријател на вашето момче, кој ќе му испрати слика на која сте со некого…

Понекогаш се чини дека навистина било полесно да се стапи во брак пред појавата на социјални мрежи, нели? 🙂

Поврзани статии

Back to top button