Дали пиете повеќе од една чаша газиран сок на дневно ниво?
Жените кои пијат повеќе од една чаша газирани сокови дневно имаат значително поголем ризик да заболат од дијабетес, покажало истражување на научниците од Харвард.
Осумгодишно истражување е спроведено врз 91.000 возрасни жени. Во истражувањето било утврдено дека жените што секојденвно консумираат најмалку една чаша газирани сокови со додаден шеќер имаат за 85% поголем ризик да заболат од дијабетес од типот 2 отколку жените што пиеле помалку газирани сокови.
Научниците додаваат дека покрај претераниот број калории, во таквите пијалаци проблем претставува и големото количество различни шеќери, кои брзо се апсорбираат, па ги зголемуваат шансите за дебелеење и дијабетес. Диеталните газирани сокови со додаден шеќер не ги зголемувале ризиците од дијабетес. Освен тоа, научниците во истражувањето што консумирале диетални сокови обично ја намалувале телесната тежина. Се проценува дека бројот на лицата со дијабетес во развиените земји во последните 12 години се удвоил.