Дали партнерот ве изневерува без физички да е близок со друга личност?
Иако звучи неверојатно, понекогаш не сте сигурни дали треба да го доживеете однесувањето на партнерот како измама или не.
Особено е непријатно да флертува, кокетира и да се оснесува како слободен додека е со вас.
Затоа најдобро е јасно да му објасните на вашиот партнер на почетокот до каде се вашите граници, за да знае од самиот почеток до каде може да оди додека е со вас.
Еве некои ситуации кои понекогаш се случуваат во односите, и тие може да се сметаат за измама:
1. Се уште има профил на социјална мрежа како Tindera
Ако сеуште има профил на една од апликациите за флертување, дали е тоа изневерување? Имате апсолутно право да се сомневате зошто има профил на оваа социјална мрежа, освен ако не бара друштвена забава. Се разбира, постојат и други можности да се објасни оваа ситуација од страна на вашиот партнер, но вашето сомневање е неизбежно.
2. Ја следи поранешната девојка на социјалните мрежи
Иако од оваа постапка не се гледаат јасни намери за измама, експертите веруваат дека тука се крие првиот чекор на тој пат.
3. Силна емоционална врска со друга личност
Ако партнерите имаат силна емоционална поврзаност со некој друг, и поради тоа се менува врската, може да се има впечаток дека се случува измама. Се разбира, тоа е само искрено пријателство, но, сепак, тоа не значи дека лесно може да останат двајца имуни на таква блискост.
Треба да имаме разбирање, бидејќи на секој во животот му е потребна личност која може безусловно да верува, покрај емотивниот партнер.
4. Постојани пораки
Нема изговор за флерт пораки, бидејќи тоа сигурно значи измама, особено ако тие пораки се кријат од партнерот. Некои луѓе сметаат дека флертувањето е безопасно, не размислуваат за тоа како нивните зборови можат да звучат и влијаат врз партнерот.
5. Излезегува со атрактивна личност
Ако ова се случи, на пример, во форма на бизнис ручек, со колешка од работа, ништо не е страшно. Меѓутоа, ако меѓу нив се развие атракција и спонтано флертување, може да бидете сомнителни и да имате целосно право да го сторите тоа.
Секако, без оглед на заклучоците на овие експерти, преиспитувајте ги сите сомнежи и искрено разговарајте со партнерот, ако тој навистина ве почитува, ќе сака да ви каже дали имате било каква причина да се грижите.