Од васУбави муабети

Дали ми беше познаник, драг пријател или животен сопатник…

За тебе нема да им зборувам на луѓето. Нема да им давам објаснување, оти не можам. Нема да кажам ни дека познаник си ми бил, ни пријател драг, ни дека дел од срцево си ми земал, дека можеби ти беше совршен и створен да ми бидеш мој животен сопатник. Нема ниту збор за тебе, за нас да проговорам. Вешто во себе ќе молчам како и до сега. Ќе го чувам тоа нашето само за нас. Наша тајна, наша болка и наша среќа. Нема да кажам штом затворам очи на што мислам. Нема да кажам за кого пиеш и глумиш. Нема да кажам ни дека знам чии раце ти недостасуваат, чии бакнежи ме препотуваат. Нема да кажам ни со кого ноќите ги минував, ни со кого утрата ти ги дочекуваше. Нема да кажам ни која песна во себе си ја подпевнувам, си ја подпевнував и ќе си ја подпевнувам долго после нас…

Поврзани статии

Back to top button