Дали вашата врска или вашиот брак се со краток рок?
Последните истражувања покажуваат дека паровите кои внимателно и заеднички донесуваат одлуки остануваат во брак и нивните врски се поквалитетни.
Дали сакате да знаете дали вашата врска ќе трае? Размислете како донесувате одлуки. Ако секоја одлука – од најмалата до најголемата – ји носите заеднички со дискусии и договори, можете да бидете сигурни дека вашата врска има потенцијал за подолг рок.
“Одлучувањето е важна работа, бидејќи всушност се случува секој ден. Паровите што го прават тоа заедно имаат поголеми шанси за успешни и квалитетни врски. Оние кои не одлучуваат заедно, всушност, живеат и по инерција и тешко дека ќе успеат да одат заедно долг пат”
На прв поглед ова откритие можеби ви изгледа познато и нормално, но постојат многу парови кои се разделиле поради ваков проблем. Праксата вели дека 40% од разделувањата на заљубените се случиле поради недостаток на дискусија и заеднико донесување на одлуки.