ЖивотУбави совети

“Грозни” работи кои ги прават само паровите во долги врски!

Паровите кои се во долги врски се толку многу опуштени па прават и некои работи кои звучат навистина грозно додека се заедно.

Психолозите од еден американски универзитет спровеле студија во која учествувале 200 парови со долги врски за да се утврди степенот до кој отпорноста кон одредени навики влијаела врз преживувањето на љубовта.

Тие откриле дека љубовните односи на оние поединци кои можат да ги прифатат “грозните” или “непријатни” навики на партнерите се многу поуспешни и веројатно нема да завршат со раскинување. Нашата способност да не се вознемируваме околу малите “мани” на партнерот е директно поврзана со чувството на среќа и задоволство во врската.

Кои се овие “грозни” навики од кои повеќето луѓе се згадуваат, но среќните парови ги игнорираат и благодарение на тоа нивните врски созреваат и опстојуваат.

Чепкаат нос еден пред друг.

Испуштаат гасови додека лежат гушнати во креветот.

Си ги чепкаат мозолчињата и си ги мачкаат раните.

Јадат со отворена уста.

Се бакнуваат со полна уста храна.

Додека едниот се бања другиот врши нужда на школката во истиот тоалет.

Се мирисаат и проверуваат дали едниот замирисал лошо.

Се тепаат со перници,  носен долен веш и чорапи на креветот во спалната.

Се ова звучи премногу грдо, нели? Па замислете колкава поврзаност и љубов постои помеѓу нив чим воопшто не ги вознемируваат овие работи!

 

 

 

 

Поврзани статии

Back to top button