Од васУбави муабети

Го чувствувате мирисот на тагата?

Ми мириса на тага! На немир и на солзи. Горчливо солени солзи. Имам некое шесто чуло, умеам да намирисам дека доаѓа неволја. Иако, сега за сега се е во ред, ништо драстично не се случило, ни напред, ни назад одиме. Не мрдам од мртва точка, но, сега нешто ќе се случи. Не знам да предвидам точно што, но, интуицијата никогаш до сега ме немам измамено. Ќе се наполнат езера од солзи, ќе надојдат облаци полни и тешки.

И, ова чувство и оваа помисла не ми даваат мир. Ми ја расипуваат и сегашноста, ме плашат и ме прават тажна пред време. Уште од сега ли да тагувам? Па, колкава тага ќе ме снајде? Барем сега за сега да ми е спокојна душичкава сакам. Да замине тоа чувство и да ме заборави. Барем некое време нека ме остави на раат, она што сум го замислила да го започнам и да го завршам, да излезам на прав пат, да се оформам и после нека дојде. Нека дојде и нека удри силно чим решило така, само нека причека. Нека се стрпи, нема да избегам, ветувам, ќе завршам со се и ќе останам него да го дочекам. Оти животот е долг, не е само за среќа. И во тагата умеам да најдам задоволство, само нека причека.

Поврзани статии

Back to top button