Од васУбави муабети

Твојот патник сум јас, мојот воз си ти!

Не ми се спие, очи не ми се склопуваат. Конечно дочекав јавето да ми е послатко од сонот, реалноста да е посреќна од фантазијата, вистината појака од лагата. Среќна сум што те пронајдов, пресреќна што и ти ме пронајде мене. Те сакам неизмерно многу, го сакам секој момент поминат со тебе или мислејќи на тебе. Нашите моменти се вредни вечност. Чувство кое не се опишува е ова, мора да се почувствува на своја кожа. Имале право возрасните, за секој воз си има патник. Твојот патник сум јас, мојот воз си ти. Ме возиш и воздигаш се до ѕвездите… мракот во ден ми го претвори, животот во бајка ми го преточи. Токму тебе сум те чекала со денови, со месеци и години. Ти, ти си мојата причина за насмевка, ти си мојата светла иднина и слатка сегашност!

Поврзани статии

Back to top button