Гледам никој од мојата фамилија да не види бидејќи и така немам грб и поддршка од нив…
Јас и мојот кревет сме најголеми пријатели се дружиме во добро и лошо, бидејќи само тој ги знае моите тајни и маки кога ми е тешко на него од тага со денови плачам гледам никој од мојата фамилија да не види бидејќи и така немам грб и поддршка од нив, со него ја споделувам секоја моја болка, затоа за моето плакање и моите солзи знае само мојот кревет, кај што одам би го носела со мене иако знам дека не е можно на него ги пречекувам моите пријатели и се дружам со нив, седам во мојата соба по цел ден, легнувам, спијам и секое утро се будам. Иако подобро би било да споделувам среќа, среќна на него да седам, по некое непишано правило кај овој млад болен човек тоа не е возможно што цел живот е скршен од болка и тага. Ех,таков е животот за кого како пишан, но ЈАС си имам свој најдобар пријател
со кого дење и ноќе се дружам тоа е неговото височество – мојот кревет.
Наташа Алексовска