“Немам што да носам” и што сега? Ако имате еден од овие “лоши” денови прочепкајте во гардероберот на вашата посилна половина!
“Немам што да носам” е реченица која секоја жена ја има изговорено барем еднаш во нејзиниот живот. Ако имате еден од овие “лоши” денови, или едноставно немате инспирација за следниот аутфит, прочепкајте го гардероберот на вашата посилна половина и ви гарантираме дека ќе ископате барем едно парче гардероба за да го освежите вашиот стајлинг.
БЕЛА КОШУЛА! Жените секогаш изгледаат заводливо и секси во едноставна, машка кошула. Земете ја, искомбинирајте ја со фармерки или тесно здолниште и на крај зачинете го изгледот со ременот на врзувањето што е апсолутно “MUST HAVE”.
BOYFRIEND JEANS! Овој модел на фармерки ги збеснува блогерите ширум светот неколку сезони. Ако се уште не сте си купиле свои, позајмете ги неговите. Заедно со бела блуза, фраерска плик чанта, се разбира и високи потпетици кои ќе додадат женственост и секси изглед, ќе бидете совршено стилизирани од глава до пети.
ТРЕНЕРКА! Завиткај се во неговата дукс тренерка! Ќе изгледате ултрамодерни ако го комбинирате со кожно здолниште и со впечатлив ѓердан. Можете да го носите дури и одозгора врз кошула, или со skinny панталони, со подвратени ракави, за опуштен кежуал и ултра модерен изглед.
МАИЦА! Иако повеќето од дамите преферираат само да спијат во маиците на нивната посилна половина, некои од нив заслужуваат да бидат изнесени надвор од собата и постелата. Облечете ја со шорцеви, фармерки или, ако е соодветна должина, носете ја како фустан. Со патики или чизми до глуждови и со тексас јакна, ќе создадете непогрешлив street style изглед.