Вљубете се во новата колекција есен/зима на брендот Астибо!
Штипскиот моден бренд Астибо ревијално ја промовираше својата најнова колекција есен/зима 2017/2018. И оваа нивна колекција со сигурност ќе ве освои! Изобилува со смело застапени бои, ткаенини од закард, цветни принтови и етно дезени, актуелни за оваа сезона!
Прибирливоста, својствена за вкусот на жената, е мотивот да се остане достоен во потрагата за префинетост, што за Астибо Basic, претставува задоволство со кое константно освојува маркети и купувачи ширум светот.
Колекција есен/зима 2017/2018 веќе го има своето заслужено место, секако на македонскиот пазар, но и на пазарите на поранешните југословенски републики – Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија, Косово и Албанија, благодарение на неуморното следење на трендот на женската мода и посетата на значајните светски саеми кои секогаш значат инспирација и иницираат избор на ткаенини од реномирани производители надвор од нашата земја.
Погледнете ги останатите нови модели на нивната официјална фан страна Astibo Basic!
Едно е сигурно, ние се вљубивме, а Вие?