ЖивотУбави совети

Време е за насмевки!

Одвојте време и прочитајте по некој виц, разубавете си го денот. Смеењето го продолжува животниот век, затоа смејте се многу!

Оду си по чаршију ударам се с`с дечка рамо у рамо, врти се он и ми вика: – Да не имаш проблем? К’д почну ја да му кажују мои проблеми, еве сг седимо пиемо и плачемо заедно.

Трпе на испрашување по географија: Наставничката: – Трпе кажи ми каква клима владее во Македонија? Трпе: – Бизнис клима.

Примаат пациент во лудница и докторот го прашува: – Како се викате? – Александар Македонски! – Добро, кај нас има многу цареви. – Јас не сум цар, јас сум аеродром.

Здраво може едно такси? – За? – За мене. – Мислев до каде ќе одите? – Аа па до кај сестра ми.

Три жени во последен момент решиле да го прослават 8-ми март.
Не успеале да најдат место во ресторан, па си купиле пиење и отишле во гробишта.
Се напиле и се вратиле дома.
Мажите им биле пријатели и се сретнале другиот ден.
Едниот рекол:
– Мојата жена има љубовник! Сигурен сум! Донесе букет цвеќиња дома!
Другиот:
– И мојата сигурно има, и она донесе букет цвеќиња.
Третиот маж:
– На вас ви е лесно… Мојата има многу! Се прибра сношти и донесе цел венец на кој пишува – “Од колегите”

Двајца власи се кладеле во два денари кој подолго ќе издржи под вода. – Вдовиците си поделиле по денар.

Понеделнички шефот ме прашува: – Зошто ти се црвени очите, си пиел? – Не, плачев цел викенд, ми фалеше работата…

Поврзани статии

Back to top button