Убави книги и филмови

Време е за добра книга!

Доколку се двоумите со која книга да се дружите, ние имаме предлог за вас:

Мојот (не баш) совршен живот (Софи Кинсела) Кејти Бренер го има совршениот живот: стан во Лондон, гламурозна работа и супер кул фотки на профилот на Instagram. Добро, но вистината е дека таа живее во минијатурна соба под кирија каде што нема место ни за гардеробер, секој ден со часови патува до работното место каде што не е ценета и животот што го споделува на Instagram не е нејзин, бидејќи дури ни сликите не се баш нејзини. Но соништата мора да почнат да ѝ се исполнуваат еден ден, нели?
Не. Наместо работите да се подобрат баш кога се појавува интересен тип во нејзиниот живот, нејзиниот не-баш совршен живот дополнително се распаѓа кога нејзината супер-успешна шефица Деметра ја брка од работа. Сите надежи на Кејти паѓаат во вода. Мора да се врати дома во Сомерсет, каде што ќе му помага на татко ѝ со нов бизнис за гламурозно кампирање на нивната фарма.
Тогаш Деметра и нејзиното семејство се појавуваат на одмор на фармата и Кејти ја добива својата шанса. Но дали треба да ѝ се одмазди на жената што ѝ ги уништи соништата или да се обиде да си ја врати работата? Но дали Деметра – жената која има сè – навистина има толку идиличен живот како што изгледа? Или ни нејзиниот не е баш совршен?

Слатки мали тајни (Џил Селвис) На целиот живот на Меди Мур му е потребна трансформација… За краток период, Меди ги губи момчето (нејзина одлука) и работата (дефинитивно не нејзина одлука). Но наместо да ја лечи тагата со чипс, Меди го напушта Лос Анџелес затоа што добива наследство од нејзината почината слободоумна мајка – речиси пропаднато хотелче на плажа во еден мал град по име Среќно Крајбрежје. Меди знае дека почнувањето од почеток нема да биде лесно, но сепак гледа потенцијал за нов дом и нова кариера – само уште да може да ги убеди своите две полу-сестри да ѝ се приклучат во авантурата. Но нема да биде лесно да се убедат Тара и Клои, бидејќи и на хотелот му треба трансформација. Градежникот што Меди го ангажира за реновирањето е висок, темнокос згоден тип, кој има свои мали тајни. А и нејзините сестри имаат тајни и не можат да дочекаат да побегнат од Среќно Крајбрежје. Но Меди не сака веќе да биде слабак и решена е да се бори за спасувањето на хотелот, особено кога сфаќа дека не постои место што повеќе би го сакала за свој дом од Среќно Крајбрежје. Ова е првиот дел од нов, секси серијал „Среќно Крајбрежје“, а по него следи приказната на втората сестра, Тара, која е уште позаразна од првата.

Понекогаш лажам (Алиса Фини) Амбер Рејнолдс се буди во болница. Не може да се движи. Не може да зборува. Не може да ги отвори очите. Ги слуша сите околу неа, но тие не се свесни дека ги слуша. Амбер е во кома. Не се сеќава како дошло до тоа, но се сомнева дека маж ѝ е некако поврзан со „несреќата“. Преплашена и заробена во сопственото тело, се обидува да ги состави спомените од минатата недела, но и од пред 20 години, преку дневници од детството. Со сопруг што не ја сака веќе, сестра што крие опасна тајна и бивши дечко што не сака да крене раце од неа, Амбер знае дека некој лаже и нејзиниот живот сè уште е во опасност. Но може ли да се принуди себеси да се разбуди пред да стане предоцна?

 

Поврзани статии

Back to top button