Од насУбави муабети

Во туѓина не е лесно, ама…

Во последно време се соочувам со различни реакции околу мојата одлука да се преселам во странство. Едни ми честитаат, други ме убедуваат дека таму не цветаат рози. Овие вториве се во поголем број! И одлучив да не ги слушам другите!

Знаете ли зошто? Затоа што тие никогаш не биле во моите износени чевли. Тие не знаат како е да се поминува месецот со бедна плата. Не знаат што значи шефот да те малтретира и да те принудува да работиш на празник додека тој е на некоја плажа во Грција. А, од друга страна знаат дека секој ден нешто поскапува. Се молат за гратиси. Купуваат на попусти. Имаат картички за поени.

Јас не сакам луксузен живот и летувања од типот „all inclusive“. Јас само сакам пристоен живот. Да можам да си ги купам чевлите за кои сонувам со месеци. Да не се плашам дека фрижидерот ќе ми биде празен последните десет дена од месецот. Одењето на вечера или поправката на заб да не ми биде луксуз. Да можам да си ги платам сметките. Да не треба да се позајмувам. Да немам минус на картичка. Да имам некоја скромна заштеда за црни денови. И пристојна пензија кога рацете и нозете нема да бидат во состојба да функционираат.

Многу ли барам?

Јас знам дека во туѓина не е лесно. Ќе плачам пред спиење. Ќе ги гледам саканите еднаш на неколку години. Ќе се плашам од напуштени улици. Можеби нема да ми аплаудираат за трудот, можеби никогаш нема да имам кој знае каква работна позиција, ама барем платата ќе ми биде редовна и ќе имам нормален живот!

 

Поврзани статии

Back to top button