Во твоите очи го открив светот!
И одеднаш вдишив нов мирис, поинаков мирис. Видов нов свет, полн разбирање, поддршка, грижа и посветеност. Во твоите очи го пронајдов мирот, во твоите очи потонав и повторно се родив.
Нова јас, многу понежна, доста попријатна. Пред тебе јас бев бура. Каде и да се застанев бура се случуваше, а бура и во душата ми беше. Твојот поглед ме лекува, ме смирува и ме грее. Твоите прегратки се мој дом, мое спокојство и мој живот.
Со тебе животот да го минам и мирна старост јас да дочекам посакувам. Доста ми е од бури, доста ми е од громови и олуи. Интересни ми беа се додека не погледнав во твоите очи. Твоите очи будат во мене нешто ново, нешто поинакво и нешто многу поинтересно за мене. Од нив сум зависна, од мирот со кој тие ме почестуваат. Еден во друг гледаме денес, ќе гледаме и утре. Да гледаме засекогаш!