МодаУбави совети
Во сите бои и дезени, само да се широки!
Испратете го летото и дочекајте ја есента во широк краток фустан!
Без разлика дали станува збор за фустани на кратки или долги ракави, без прерамки или со тенки прерамки, со цветни или живописни и шик шари, во сите нијанси и бои едно што мора да биде заедничко оваа есен е токму широкиот крој.
Модата ќе направи да заборавиме на тесните и мини фустани кои ја исцртуваат фигурата на телото и го потенцираат секој недостаток и секој килограм плус.
Рамно пуштените и широките фустани имаат многу повеќе предности од оние тесните. Широките и лелеави фустани ја прикриваат градбата на телото, прават да се чувствувате полесно, делуваат повеќе секси и ги издолжуваат нозете.