Од васУбави муабети

Во ова ќе се пронајдат многу жени: „Поминувам низ нешто тешко, се надевам дека ме разбираш“

Писмо од жена во менопауза до нејзиниот сопруг – како да му помогнете на партнерот за време на средовечната криза!  Има ситуации во животот кога се чувствуваме како да сме на „лудо“ возење на тобоган. Тоа се моментите кога владее дисхармонијата на нашето тело, ум, чувства, ситуација во која не ни знаеме што ни се случува. Токму во такви моменти е тешко да им се објасни на блиските луѓе што ни се случува. Една од тие ситуации е менопаузата. Иако многу жени овој период го минуваат удобно, некои сепак се соочуваат со тешки симптоми, нагли промени во расположението, промени во физичкиот изглед поради хормонална нерамнотежа. Една жена решила преку писма да му објасни на својот сопруг како се чувствува и да објасни какви турбуленции и носи менопаузата. Таа се претстави под името Сара и има 55 години, а во нејзиното искуство се среќаваат многу жени:

Мил мој, 

Треба да разговарам со тебе за нешто низ што поминувам. Ова се нарекува менопауза. И поради тоа доживувам секакви симптоми како топли бранови, ноќно потење и недостаток на сексуална желба. Исклучително сум раздразлива, во најдобар случај тоа е само ненадејна промена на расположението, а во најлош случај има напади на гнев и вознемиреност. Така понекогаш почнувам да се расправам, се лутам, често без причина и сакам да бидам сама.

Можеби си забележал дека се здебелив во пределот на стомакот и поради тоа се чувствувам ужасно. Ова ме тера да ја изгубам самодовербата, иако се борам против ова чувство. Всушност, се чувствувам со милји далеку од моето вообичаено самоуверено, среќно јас. Тоа е збунувачки, а понекогаш и застрашувачко чувство.

На овој начин сакам да ти објаснам што ми се случува и се надевам дека ме разбираш и дека ќе ми пружиш поддршка што ќе ми помогне да се справам со ова. Во моментов не сакам да зборувам за менопауза, за симптомите, само сакам да ги оттргнам мислите од таа тема и да живеам. Знам дека ќе научам нешто од ова искуство, всушност, се надевам дека ќе научиме заедно.

Можеби би можеле да почнеме да шетаме заедно или пак да одиме на романтични состаноци, како порано? Сè уште ми се допаѓаат твоите прегратки и тие ми значат многу. Сега ми треба твојата љубов и поддршка, но и разбирање кога моето расположение наеднаш ќе се промени. Но, во тие ситуации ќе ми значат твојот совет и потсетување дека сето ова ќе помине.

Најдов многу прекрасни алатки кои ќе ми помогнат да се справам со непријатните симптоми – ова време сакам да го искористам за развој, а не да го трошам во жалење.

Фала што си со мене. Мислев дека е подобро да ти дадам кратко објаснување за ситуацијата низ која поминувам отколку да се прашуваш што се случува со мене.

Те сакам секогаш и засекогаш,

Сара

За време на менопаузата или средовечната криза, поддршката и разбирањето на партнерот е исклучително важна. Еве 5 едноставни начини на кои можете да и помогнете на саканата личност:

1. Зборувајте почесто
2. Покажете ги вашите чувства со љубов и поддршка
3. Предложете некои заеднички активности
4. Имајте разбирање
5. Покажете дека сте секогаш тука за да слушате, да давате совети, прегратки, допири…

Поврзани статии

Back to top button