ДомУбави совети
Во домот направете мал рај за вашето малечко!
Доколку сакате да имате време да завршите некоја брза домашна обврска, а вашето малечко да се занимава и да си игра на сигурно сликите во продолжение се вашиот спас.
Направете му мал рај на вашето детенце во кој ќе ужива и ќе се занимава, а сепак ќе биде безбедно.
Употребувајте пастелни и нежни бои додека го уредувате просторот во кои најмногу време поминува вашето дете. Докажано е дека пастелните бои смируваат и релаксираат. Бидете креативни, разбудете ја фантазијата, поиграјте си со боите и заедно уживајте во крајниот производ. Па уште од мали нозе нека има свое слатко и креативно катче во домот вашето малечко!