Убави дестинации
Волшебна дестинација за вљубените
Ве носиме во едно прекрасно место кое претставува вистинска убавина за сите сетила и една од најпопуларните дестинации за одмор.
Роматичната Парга која се гали со Јонското море е совршена дестинација за вљубените парови. Таа е една од најживописните дестинации во Грција и ќе ве плени со својата интересна архитектура, природните убавини и гостопримливоста на нејзините жители. Парга е волшебна композиција од калдрми, шарени фасади, сокачиња кои раскажуваат приказни од минатото и традиционални таверни.
Најпознати плажи во Парга се: Крионери, Писо Крионери, Лихнос, Валтос и ќе може максимално да уживате во тиркизната боја на морето и зеленилото насекаде околу вас…
Што не смеете да пропуштите ако се одлучите да летувате овде?
- На ридот над градот постои венецијански замок, изграден во Средниот век за заштита на градот. Иако голем дел од овој замок е руиниран сепак привлекува многу туристи. Под остатоците на венецијанскиот замок, Парга потсеќа на мал амфитеатар со своите тесни камени улички во стариот дел на градот. На ридот пак над селото Антус постои мал отомански замок кој нуди волшебна панорама на регионот. Овој замок е познат како дворецот на Али Паша.
- Изворот на реката Ахерон: Овде може да уживате во авантуристички спортови како на пример рафтинг и нуркање.
- Посетете ги островите Паксос и Антипаксос каде ќе уживате во егзотичниот залив, а ако имате доволно среќа ќе ги видите и делфините кои живеат во овој дел на Јонското море.
- И се разбира, вечера во традиционална таверна со саканиот е задолжителна!