Вкусно кафе + интересна книга = добитна комбинација!
За убаво попладне што е потребно? Само вкусно кафе и супер интересна книга! За вас издвоивме три фантастично добри книги кои имаат способност да ви го разубават денот!
Онаа ноќ во Њујорк (Лорен Лејн) Линколн Матис не ја крие својата репутација на главен плејбој во Менхетен. Впрочем, ја култивира. Но зад секоја кокетна насмевка, секој провокативен коментар, има тајна што Линколн ја крие дури и од своите најдобри пријатели – трагедија од минатото што тивко го држи неговото срце како заробеник. Линколн знае што сака: некоја како Дејзи Синклер, паметната и остра, а сепак страшно мила деверица што не може да престане да ја гледа на свадбата на неговите најдобри пријатели. Но тој воедно знае дека таа е сè што тој никогаш не може да има. По еден страшно лош развод, на Дејзи не ѝ треба никој да ја предупредува да не се доближува до шармантниот кум на свадбата на сестра ѝ. Доволен е само еден поглед и таа знае дека згодниот Линколн Матис е баш од оној тип на мажи што треба да ги избегнува. Но кога Дејзи случајно ја дознава тајната на Линколн, сфаќа дека во шармантниот плејбој има многу повеќе од она што се гледа со голо око. И одеднаш животите на Дејзи и Линколн беспомошно се испреплетуваат на едно патување што или ќе ги исцели нивните ранети души… или ќе ги уништи засекогаш.
Рајот може да почека (Кели Тејлор) …но може ли Тој? Животот може да почека додека ја читате оваа фантастично добра приказна за љубовта после смртта. Нема да посакате да правите ништо друго освен да летате до последната страна. Луси Браун е на прагот на исполнувањето на својот сон. Треба да се омажи со човекот на нејзиниот живот: прекрасниот, згодниот, забавниот Ден… Тие се совршен пар кој не може да дочека остатокот од животот да го помине заедно. Но, судбината на Луси е поинаква. Таа не ја дочекува свадбата бидејќи ден пред неа умира додека се обидува да го најде идеалниот подарок за Ден…
Го сакам Вегас (Линдзи Келк) Она што се случува во Вегас, останува во Вегас… или не? Анџела Кларк го обожава својот живот како Британка во Њујорк. За жал, таа од неодамна е Британка во Њујорк која ја губи работата, а со тоа и својата работна виза. Кога имиграционото биро ја известува дека таа има еден месец за да ја напушти земјата (и тоа токму пред Божиќ), таа очајно се фрла на кроење планови за да најде начин да остане во Њујорк. Но триесет дена се малку за човек да најде работа. Или да се омажи… Особено кога таа е убедена дека Алекс, нејзиното момче, нема да биде импресиониран од идејата да се ожени за виза. Кога купот грижи станува неподнослив, Џени, откачената најдобра пријателка на Анџела, ја изненадува со прекрасен божиќен подарок за релаксација. Викенд во Вегас! Има ли подобар начин за опуштање од гламурозни клубови, коктели, дизајнерска облека и ноќи полни со забава? Но дали е вистина дека она што се случува во Вегас останува во Вегас или и тоа се враќа дома со тебе и ти го превртува животот наопаку?