Убави книги и филмови

Ви предлагаме три одлични и поучни книги!

Читањето позитивно влијае на мозокот, душата и телото. Читајте секогаш и секаде. Читајте различни книги и збогатувајте се со различни поуки. Времето поминато со себе и интересна книга е квалитетно потрошено време. Ви нудиме три одлични книги.

Времето на лалињата (Дебора Могах) Ова е голем европски бестселер и е раскошна приказна за уметноста, љубовта, страста и неверството. Фантастичен роман, и смешен и трагичен, полн со јасно отсликани ликови и длабинско запознавање со преобразбите што ги носи љубовта. Потребно ви е бегство во убав и далечен свет? Ова е идеалниот роман за вас!

Паметни жени, погрешни избори (Д-р Корнел Коуен и Д-р Мелвин Киндер) Оваа книга ќе ви помогне како да ги одберете вистинските мажи и да ги избегнете погрешните. Ќе ви даде конкретни одговори на многу ваши недоумици, ќе стане ваш личен пријател и водич во односите со луѓето и љубовта!

Мост преку вечноста (Ричард Бах) Ова е љубовна приказна која ќе ве научи дека кога ќе ја пронајдете вистинската љубов мора да ја зграпчите. Дека минатото никогаш не се враќа за го го промените. Една одлука влијае на целиот живот. Понекогаш изгледа страшно, изгледа тешко, сомнежите не јадат одвнатре, двоумењето ни ги затвора очите и не прави слепи и затворени за светот!

Поврзани статии

Back to top button