Вашата облека влијае на околината, таа води до повисока плата!
Нови студии и истражувања покажаа дека убавото облекување влијае врз начинот на кој луѓето ве перцепираат. Исто така, внимателноста при изборот на облеката, ја зголемува и вашата самодоверба.
Последното најобемно истражување на оваа тема било спроводено на Универзитетот Јеил, а резултатите покажале дека добрата облека води до повисока плата.
Авторите на ова истражување велат дека луѓето кои носат добра, убава и чиста облека се чувствуваат помоќно, автоматки со тоа се ценат повеќе, даваат повеќе на работа, но се борат и за повисока плата.
Тие исто така советуваат наместо да купувате десетици парчиња облека по смешна цена да инвестирате во неколку квалитетни, да носите моќни бои како црна, сина, црвена и бела, да ги одбегнувате кафеавата и портокаловата и облеката секогаш да ви биде свежо испрана и внимателно испеглана доколку сакате да бидете позитивно перцепирани во социјалните кругови.