Варена пченица – спас за секоја жена!
Вака подготвената пченица може да се носи на работа секој ден, а е совршено здрава и корисна за целиот организам
Варената пченица е чист извор на витамин Б, што значи дека е многу важна за зајакнување на имунитетот.
Употребата на интегрална пченица во исхраната е корисна и има корисен ефект врз целиот систем на една личност. Конзумирањето на варена пченица на редовна основа може да има превентивен ефект врз одредени здравствени состојби, како што се запек, хемороиди и рак на дебелото црево.
Зрното од пченица е богато со бета каротен, витамин Е, калциум, магнезиум, фосфор и железо. Пченицата има поголем процент на протеини од сите други житарки.
Во 100 грама неварена пченица има 351 калории, 13 грама протеини, 2,5 грама масти и 70 грама. јаглехидрати. Мастите се наоѓаат во никулците на пченицата, додека минералните компоненти го формираат обвивката на самото зрно. Затоа најдобар и најкорисен начин е да се консумира целото жито, односно целото зрно.
Се смета дека варената пченица помага при:
1. Превенција на рак
Варената пченица содржи лигнани, фитонутриенти кои имаат антиканцерогено дејство, а научните истражувања покажаа дека тоа особено важи за ракот на дојката. Една студија покажа дека консумирањето на мала количина интегрални пченични трици дневно може да ја намали концентрацијата на жолчни киселини и бактерии во столицата, за кои се смета дека предизвикуваат рак на дебелото црево.
2. Регулирање на телесната тежина
Употребата на интегрална варена пченица може да помогне во регулирањето и одржувањето на телесната тежина, бидејќи спречува појава на метаболички синдром на таложење маснотии во пределот на желудникот, а во исто време обезбедува оптимална количина на добар холестерол, триглицериди и го одржува крвниот притисок.
3. Третман на хронично воспаление
Варената пченица е богата со бетаин, корисна состојка која игра важна улога во ублажувањето на хроничните воспалителни процеси.
4. Природен лаксатив
Целата пченица, особено триците, делува како природен лаксатив, бидејќи се богати со влакна, фосфор и витамини од групата Б.
Како правилно да се готви пченица?
Како и другите житарки и одредени мешунки, пченицата најдобро се подготвува со натопување во вода преку ноќ. После тоа се цеди и се вари.
Количината на вода за готвење треба да биде на ниво од четири прсти над пченицата. Се готви околу половина час до четириесет минути на тивок оган, полека да се вари. Готовата варена пченица може да се конзумира и како десерт и како дел од оброк.
Кон десертот може да се додадат ореви, цимет, мед, суво грозје, а на сите им е познат богатиот вкус на житариците со шлаг.