ЖивотУбави совети

Брз чоколаден колач со јагоди

Ја обожаваме сезоната на јагоди!

Токму затоа, денеска ви предлагаме да го направите највкусниот чоколаден колач со јагоди на кој нема да можете да му одолеете!

Состојки:

4 јајца
100 гр. шеќер
100 гр, темно чоколадо,
100 гр. маргарин,
4 лажици брашно,
1 прашок за пециво,
1/2 л слатка павлака,
шеќер во прав,
јагоди

Подготовка:
Одвојте ги жолчките од белките. Во еден сад матете ги белките се додека не добиете цврст шлаг. Во друг сад, матете ги шолчките, шеќерот, растопеното чоколадо со маргарин па постепено додавајте ги брашното и прашокот за пециво. Во оваа смеса додадете третина од смесата со белките и мешајте се додека смесата не се изедначи. Ставете ја смесата во плех намачкан со малку маргарин и печете на 180 степени околу 20 минути. Откако колачот ќе се излади, изматете ги белките со шеќерот во прав и слатката павлака и премачкајте го со оваа смеса. Украсете со јагоди!

Поврзани статии

Back to top button