ЖивотУбави совети

Брз рецепт за колачиња со сусам

За денес одбравме рецепт кој ќе ве освои, колачиња со сусам! 

Потребни состојки: 1,5 чаша пченично брашно
1/2 лажичка сода бикарбона
1/4 лажичка морска сол
1/4 чаша сусам паста (таан)
1/4 чаша маслиново или кокосово масло
1/3 чаша сусам
2-3 лажици мед

Подготовка:
1. Измешајте го брашното, морската сол и сода бикарбоната во соодветна длабока чинија.
2. Посебено соединете мед, паста од сусам и маслиново масло. Потоа земете чаша брашно и измешајте се заедно.
3. Направете топчиња од подготвената смеса и оставете ги во фрижидер 30 минути.
4. Извалкајте ги топчињата во сусам, и наредете ги на плех за печење со хартија.
5. Печете ги колачињата во загреана рерна на 180 степени додека не заруменат.

Поврзани статии

Back to top button