ЖивотУбави совети
Брзи рафаело топчиња за кога ќе ви дојдат ненајавени гости!
За само десетина минути подгответе слатко задоволство за сите генерации. Рафаело топчиња кои се топат во уста. Рецепт во продолжение.
Потребно: 100 гр бело чоколадо, 100 гр мелени лежници, 2 лажици путер од лешници, 5 урми и 2 лажици кокос.
Подготовка: Урмите оставете ги да покиснат во вода, потоа ситно исечкајте ги. Стопете го белото чоколадо па во него додадете ги сите останати состојки. Брзо и лесно обликувајте топчиња во кои по желба можете да додадете по еден лешник во средина.