Брзи лиснати мини пици!
Кога сакате да припремите нешто убаво, но едноставно. Или кога ќе ви се најават непланирани гости.
Потребни состојки:
1 пакетче лиснато тесто
Сос од домати
Шунка
Сирење
Оригано и други зачини по желба
Подготовка:
Ставете го тестото површина која предходно ќе ја попрскате со брашно, развлечете го така што ќе добиете правоаголник.
Избоцкајте го малку со вилушка и потоа премачкајте го со сосот од домати, оставајќи околу 3см ненамачкана површина на едниот крај.
Потоа посипете со рендано сирење и шунка, внимавајќи дека лентата непремачкана од 3см повторно останува слободна.
Посипете ги зачините за кои ќе се одлучите, а потоа започнете да го превиткувате тестот како ролат така што ќе започнете да ролувате од долгата страна која е премачкана за ненамачканата страна да дојде на крајот.
Ролатот што го добивте исечете го на парчиња од 1,5 или 2см дебелина.
Ставете хартија за печење на плехот и печете во загреана рерна на 200 ° C. Доволно е само да добие златна боја тестото.