Еден си ми, мој си ми, брат роден си ми!
Еден си ми, мој си ми, брат роден си ми. Те сакам неизмерно силно и длабоко. Онака вистински. Иста крв тече низ нашите вени, исти гени наследивме, иста насмевка имаме. Те сакам бескрајно многу, иако тоа ретко ти го кажувам, иако ептен знаеш да не живцираш.
Ти, ти умееш денот да ми го зафркнеш, денот да ми го разубавиш! Јас знам дека додека постоиш ти мене никој ништо не ми може. Најслина се осеќам, брат ти благодарам.
Трапав си, машко безчуствителен често си, но мој си ми. Инаетот твој нема да не раздели, верувај ми. Тој само ме прави уште поупорна и уште порешителна. За тебе рака во оган ќе ставам, океан ќе препливам, а нема да ти признаам. Еве вака, текст ќе напишам, душата ќе си ја олеснам.
Ме закачкаш, ми се контрираш и ме нервираш, и признај, се тоа е само затоа што на тој начин ти љубовта ја искажуваш. Позади таа маска камена само јас знам што има. Само јас знам дека срце полно нежности се крие. И те сакам, не заборавај, јас вистински секогаш ќе те сакам!