МодаУбави совети
Бојата на престојната сезона
Ни се наближува најколоритниот месец во годината – септември. Наш совет е да го обоите во жолто!
Жолтата боја ќе биде вистински хит за доцното лето и раната есен, па не двоумете се ни за миг: одберете ја сенф жолтата нијанса или пак бледо жолто и бидете во тренд. Набавете си штосно сако, уникатен фустан или впечатливи панталони. Изборот е ваш!
Она што е одлично кај жолтата боја е тоа што може да ја комбинирате со многу бои, а наша препорака е да ја комбинирате со црна, сива, бела, крем, темно зелена и виолетова!