Убави книги и филмови

Арс Ламина наградува!

“Што сонуваше Дедо Мраз“ е роман за деца и за сите што сакаат да сонуваат! Еден наш читател или читателка ќе има можност да го добие овој роман благодарение на соработката со http://www.literatura.mk. 

Се ближи Нова година, но нешто необично се случува. Во сандачето на Дедо Мраз пристигнаа едвај неколку писма. Поштарот доаѓа ретко, а и на имејл се појави само една порака.

Само една?!

Да, само една, и тоа крајно вознемирувачка.

„Скандалозно!“ ќе извика Дедо Мраз, откако ќе ја прочита пораката.

А потоа следува една волшебна, и смешна и тажна, и возбудлива и опасна, авантура, што ќе го одведе Дедо Мраз во Земјата на соништата, а џуџињата Лутко, Буцко и Спанко ќе пропатуваат половина Земјина топка и назад… и сето тоа во само една единствена ноќ!

Поврзани статии

Back to top button