Од насУбави муабети
Ако сакаш да дознаеш кој си ти, погледни како им е на луѓето со тебе
Верувам дека секој од нас треба да тежнее кон тоа да биде најдобрата верзија од себе. И тоа само поради една причина, за да може да им помогне на другите. Бидејќи колку и да сме добри, богати и успешни, сето тоа има смисла само ако видиме што добро будиме во друго суштество. Само тогаш добиваме потврда за себе. Среќата на луѓето околу нас е потврда и еден вид печат на вредноста што ја имаме. Без тоа, без оглед што мислиме за себе, колку и да сме важни, ние остануваме некој неважен и ни малку достоен. Ако сакаш да дознаеш кој си ти, погледни како им е на луѓето со тебе.