ЖивотУбави совети

Ако сакате да патувате со вашето домашно милениче има работи кои мора да ги знаете!

Дали одите на одмор или на долг пат и немате некој на кого можете во доверба да го оставите вашето кучето? Вие не сакате да давате пари за хотел за миленичиња, или можеби едноставно не сакате да се разделите од вашето омилено суштество и би сакале да имате вистинско друштво со вас.

Се надеваме дека добро го познавате вашето животно, но дури и ако сте сигурни дека нема да предизвика проблеми, ќе треба да се подготвите за оваа голема авантура. Еве неколку правила кои сигурно треба да се разгледаат:
* Земете соодветна корпа или кутија, доволно голема за да биде сместено лесно и удобно (ако тоа е куче голема раса, тоа ќе мора да биде поголем кафез или во автомобилот цело време да се задржи лабаво на поводник за да се спречат можни изненадувања од тип на ненадејна реакција на животното…
* Постепено навикнувајте го на кошницата: држете ја неколку дена претходно во станот и поттикнете го миленикот да влегува и излегува од “куќичката”.

Прочитајте и…

* Веќе некое време, пред самото патување навикнувајте го миленичето на автомобилот и на возењето, за да има време да се опушти и да се ослободи.
* Еден час пред да одите на пат, нека вашиот миленик јаде лесен оброк.
* Земете шише со вода и чаша за да има постојано вода за пиење.
* Застанувајте на секој час или два за да му дозволите малку да ги истегне нозете (ова ќе ви дојде добро и на вам).
* Задолжително понесете ја со вас и неговата омилена играчка. Ќе се чувствува побезбедно и попријатно.

Поврзани статии

Back to top button