Со домати и прокељ против рак!
Ново истражување покажало дека истовремено консумирање домати и прокељ има посилно дејство за превенцијата од рак, отколку кога овие зеленчуци би се јаделе одделно.
И прокељот и доматите се познати по тоа што содржат хемикалии кои успешно се борат против ракот, а американските научници од Универзитетот во Илиноис дека дејството на овие плодови е максимално доколку се јадат заедно.
Истражувањето спроведено врз лабараториски животни покажало дека оваа комбинација е особено успешна во спречувањето на развојот на ракот на простатата.
Научниците веруваат дека слични резултати може да се постигнат и со други видови зеленчук и овошје, само е потребно да се открие кои видови најдобро се комбинираат едни со други. Во меѓувреме, научниците препорачуваат зголемено консумирање на сите видови зеленчук и овошје.