Од насУбави муабети

Не се сите за љубов…

Не се сите за љубов. Има такви за кои таа е само обична играчка. Ќе им здосади, па ја фрлаат и менуваат за нова.

Љубовта не е само збор од пет букви!
Таа има моќ! Да те направи подобар.

Во неа е цела надеж на светов. Дека можеме засекогаш да љубиме.
Се додека смртта не не раздели!

Љубовта не е само збор од пет букви.
Во неа се сместени сите согласки и самогласки.
И најстрасните воздишки!

Таа е се она за што сонуваш.
Вчера, денес и утре.

Иако има многу форми, таа секогаш е најголема.
Си доаѓа без најава. Кога сака, каде сака.
Меѓу рушевините на твојот свет, ќе си направи палата.
Меѓу хаосот на постоењето, ќе создаде совршен ред.
И нема да те праша дали ти се допаѓа тоа.
Или ќе живееш со неа, во убавина и изобилие од емоции.
Или ќе живееш без неа, со срце полно празнини.
Оти таа не е обичен збор од пет букви.

Поврзани статии

Back to top button