МодаУбави совети
Фустани со овошен принт ќе го одбележат крајот на лето 2019!
Кој може да одолее на симпатичен овошен принт!?
Со оглед на една година полна со нови трендови, мислевме дека летната сезона го достигна својот врв, но уште еден летен тренд заблеска на социјалната мрежа Инстаграм, како и на полиците и излозите во продавниците. Овошен принт е дефинитивно хит ова лето, а ние ги одвоивме и најубавите парчиња облека кои вклучуваат банани, лимони, цреши, грејпфрути и други омилени овошја.