Каква фризура ќе се носи следната сезона?
“Сексот и градот” е серија која донесе вистинска мала женска револуција, како во интимните односи, така и во светот на модата и убавината, од страна на жените низ целиот свет. Со оглед на тоа што популарноста на оваа серија не се брише, модата и убавините што ни ги претстави серијата полека го добиваат статусот за безвременски.
Значи оваа сезона, една од најпопуларните фризури, која ќе ја носат девојките, е фризура инспирирана од кадравата коса Кери Бредшо. Оваа фризура совршено се вклопува кај жените, одговара на сосема различни карактери, од оние романтични, до бунтовни и храбри.
Оваа фризура е особено популарна бидејќи на нашата коса и дава визуелно поголем волумен. Локните се повторно ин!
Жените се посебно воодушевени од едноставноста на оваа фризура, особено од тоа што навистина не мора да вложите многу напор и време. Бидете опуштени и дотерани како Кери!