ЖивотУбави совети
Домашна маска за свиленкаста, сјајна и здрава коса!
Високите температури и солената вода негативно влијаат на косата. За да ја нахраните, освежите и да и го вратите сјајот ве советуваме да ја негувате со домашна маска од маслиново масло и мед.
Измешајте еднакви делови на рафинирано маслиново масло и мед.
Нанесете ја мешавината на вашата коса почнувајќи од краевите, нанесувајќи кон коренот на косата. Свиткајте ја косата во кеса или капа и ставете одозгора топла крпа. Оставете ја маската да делува на косата околу 30 минути, потоа исплакнете ја и темелно измијте ја косата.
Медот содржи витамини и дава сјај на косата а маслиново масло и ја враќа природната влажност и го елиминира проблемот на сувите региони.