Вкусна идеја за денешниот ручек
Не знате што вкусно да подготвите денес за себе и своите најблиски? Ние имаме супер вкусна идеја за денешниот ручек – Туна во хартија.
Потребни состојки: 8 парчиња туна по 120 грама, 300гр домати, 2 главици црвен кромид, оригано, маслиново масло, сол и црн пипер.
Подготовка: Загрејте ја рерната на 180 степени. Излупете го кромидот и исечете го на кришки. Исечете ги доматите на неколку места (доколку имате шери домати) ако не еден домат на четири кришки. Исечете хартија за печење на 4 правоаголници со димензија 30 на 40. Намастете го секое парче хартија со маслиново масло. На секое парче картија ставете по две парчиња риба, со неколку кришки домати и кромид. Полијте ги со масло, посипете малку сол и наросете неколку зрна бибер. За крај попрскајте ги со повеќе оригано. Затворете ја хартијата и добро свиткајте ја од сите стани. Ставете ги пакетчињата во загреаната рерна и оставете ги да се печат 15 минути. На крајот отворете ги и проверете дали добро е испечена рибата. Ако е сува, полијте ја со малку течност од печењето, затворете ја хартијата и печете уште 5 минути.