Неделен хороскоп {01.11 – 07.11}
Овен – Ве очекува напнат период, во деловното опкружување сега може да има многу кавги и расправии. На љубовно поле подготвени сте за ново познанство кое некако лесно ќе ви се случи. Што се однесува до здравјето, ве очекува период во кој ќе имате помали проблеми со синусите но и со белите дробови.
Бик – Финансиите ви се нестабилни и тоа ве загрижува. Подготвени сте да работите напорно за да ја подобрите вашата ситуација на ова поле. Во љубовта малку сте разочарани од партнерот. На полето на здравјето е поволен период за започнување диета. Можно е да изгубите тежина многу полесно сега отколку порано.
Близнаци – Ве очекува неповолен период за работа. Ќе имате многу грижи и проблеми каде и да се свртите. На љубовно поле имате впечаток дека повеќе не можете да правите некои работи кои не му одговараат на партнерот. Кога е здравјето во прашање, тоа е многу неповолен период за вас, ќе бидете склони кон воспаленија и болни состојби.
Рак – Можно е некои од стравовите и сомнежите кои ги имате на деловното поле за жал да се остварат. На љубовно поле ве очекуваат проблеми поради недоверба во врската со саканата личност. На полето на здравјето склони сте кон проблеми со циркулацијата, а можна е и нервна напнатост и склоност кон депресија.
Лав – Имате впечаток дека сега на деловно поле не можете лесно да ги остварите сите ваши цели и планови. На полето на емоциите може да имате турбулентна состојба и помали кавги со саканата личност. Што се однесува до здравјето, ве очекува фаза во која генерално ќе бидете добро. Спортувањето ќе ве задоволи и вас.
Девица – Вашето деловно поле е многу променливо, но крајниот резултат ќе биде добар за вас. На љубовно поле ве чека можност да ви се појави некој нов, дури и ако сте веќе во врска. Што се однесува до здравјето, ве очекува период во кој ќе бидете склони кон помали проблеми со пределот на ‘рбетот, грбот и вратот.
Вага – Патувањето во странство може да ви донесе нови деловни можности и среќа на полето на финансиите. Кога станува збор за љубовта, чувствувате доза на напнатост од страна на вашата сакана. На полето на здравјето можете да бидете склони кон воспалителни состојби, но и проблеми поврзани со црниот дроб, панкреасот, жолчката, затоа внимавајте на тоа.
Шкорпија – Деловната ситуација ви е нестабилна и загрижени сте за финансиите. Кога станува збор за љубовното поле, имате променлив однос и не знаете што правите со саканата личност. На полето на здравјето ќе имате проблеми поради лошиот начин на живот и нездравата исхрана. Време е секојдневно да ги менувате вашите навики.
Стрелец – Ве очекува недела во која ќе имате многу деловни обврски но и некои нови одлуки. На љубовно поле имате многу несогласувања со партнер кој ја покажува својата лоша страна. На полето на здравјето ќе имате проблеми со дишните патишта, склоност кон алергии, но и кон проблеми со кожата.
Јарец – Можно е да имате многу обврски, некои двојни работни места, но можно е и сега да имате двоен извор на приходи. Кога станува збор за полето на љубовта, ве очекува приврзаност со саканата личност. На полето на здравјето ве очекуваат нови пречки, пад на имунитетот и многу нови проблеми. Време е да се јавите кај вашиот лекар.
Водолија – Што се однесува до работата, ве очекува прилично мирен период кој нема да ви донесе премногу грижи. Во љубовта доаѓате до можност за ново познанство или некоја нова одлука. На полето на здравјето, постои фаза која може да ви помогне да стекнете подобра форма и кондиција доколку навистина сте посветени на себе и спортувате.
Риба – Најдобро би било да не донесувате важни деловни одлуки сега ако не морате. Љубовната ситуација ви е нестабилна и не ви се допаѓа. Можно е да сте несигурни во партнерот но во себе. На полето на здравјето ќе имате проблеми со мочниот меур, како и со градите.