ЖивотУбави совети

Неделен хороскоп {07.06 – 13.06 2021}

Овен
Ова е поволен период за патување за вас. Ќе имате среќа во областа на работата. Кога станува збор за љубовта, можете да очекувате можност за авантура во која ќе има емоции. Во областа на здравјето ве чека добра состојба, ќе имате многу енергија и нема да имате поголеми проблеми. Оваа недела ќе уживате во спорт и физичка активност.

Бик
Може да очекувате да имате подобрување во финансиите и да имате среќа во областа на работата. Во областа на емоциите, можете да очекувате можност за сериозна врска со страсна личност. Кога станува збор за здравјето, можете да очекувате подобрување и регенерација. Ако сте под каква било терапија, сега може да започне да дава соодветни резултати.

Близнаци
Ако склучите договор оваа недела, ќе бидете задоволни на долг рок. На полето на љбовта, ќе можете да решите некои недоразбирања што сте ги имале со вашата сакана. Кога станува збор за здравјето, можно е да имате проблеми со концентрација, малаксаност, но исто така и да бидете придружени со проблеми со бубрезите.

Рак
Пред вас е поволна фаза за решавање на сите деловни проблеми. Кога станува збор за љубовта, можете да очекувате промени во однесувањето на вашиот партнер. Во областа на здравството, ќе имате можност да се опоравите. Време е да го зајакнете имунитетот и да го зголемите внесот на витамини и минерали. Избегнувајте прекумерен стрес и правете го само она што го сакате.

Лав
Можно е да имате некои проблеми на работа во втората половина на овој период, ве очекуваат промени на ова поле. Кога станува збор за љбовта, можете да очекувате нова врска. Во областа на здравјето, ќе имате хронични проблеми поврзани со срцето, притисокот, долниот дел на грбот и очите. Сега вашите слаби точки се активираат, па затоа е важно да бидете внимателни.

Девица
Пред вас е период во кој можете да постигнете подобрување во областа на приватниот бизнис. Може да очекувате позитивни промени на полето на љубовта и размислувањето за децата. Во областа на здравјето ве очекуваат помали дигестивни проблеми, стомакот е чувствителен и можно е да не ви се допаѓа целата храна. Време е да размислите повеќе за себе и за вашето здравје.

Вага
Пред вас е период во кој можете да имате нова, интересна деловна понуда. Кога станува збор за љубовта, можете да очекувате стабилна ситуација со вашиот партнер. Во областа на здравјето, можни се проблеми со респираторниот тракт, можни се синуси, бели дробови, настинки, грип, а исто така е тежок период ако страдате од астма. Чувај се.

Шкорпија
Ќе бидете задоволни затоа што напорот ќе се исплати, ве чека монетарно подобрување. На полето на љубовта е можно интересно запознавање со личност која е постара од вас. Кога станува збор за здравјето, можете да бидете склони на дебелеење во текот на овој период, па затоа е важно да се грижите за исхраната. Исто така, можни се проблеми со грлото, воспаленија и инфекции кои влијаат на грлото.

Стрелец
Може да очекувате дека ќе можете да ја докажете вашата ефикасност во бизнисот. Кога станува збор за љубовта, вие се стремите кон стабилни и сериозни врски, ја сакате вистинската. Во областа на здравјето, ќе имате проблеми со главоболки, несвестица, низок крвен притисок. Неповолен период е ако имате проблеми со мигрена. Консултирајте се со лекар.

Јарец
Може да очекувате дека ќе ви биде малку потешко да ги извршите основните деловни обврски во наредниот период. На полето на љубовта ве чека период што може да ви донесе некои дилеми и разочарувања. Кога станува збор за здравјето, ве чека период во кој генерално ќе бидете слаби, ослабени, а можни се проблеми поради хроничен замор. Проверете ја крвната слика.

Водолија
Вие нема да можете да ги реализирате сите ваши планови во текот на оваа недела, можно е да бидете доста бавни. На полето на љубовта нема да бидете задоволни, а можно е вашиот партнер да крие нешто од вас. Кога станува збор за здравјето, се потенцираат проблеми со нервниот систем, како и со циркулацијата, нозете, стапалата, зглобовите, но и со срцето.

Риба
Може да очекувате можност да постигнете деловен напредок што ќе биде значаен за вас. На полето на љубовта, сè оди како што посакувавте и ќе сте задоволни. Кога станува збор за здравјето, би можеле да бидете склони кон проблеми со ‘рбетот, забите, коските. Честа вкочанетост ве придружува, како и болки во грбот. Разговарајте со вашиот физиотерапевт за ова.

Поврзани статии

Back to top button