Убави книги и филмови
Филм за убав ден
Да имате најдобар пријател е многу важна работа.
Роузи и Алекс се најдообри пријатели од нивната петта година и имаат споделено милијарди заеднички мигови. Дали можеби тие се и еден за друг, иако се пријатели? Кога станува збор за љубовта, судбината и носењето на одлуки не се баш најдобри пријатели…
Оваа приказна со романтични, но, и со комични елемнти ќе ви покаже дека најдобрите нешта понекогаш ни се случуваат пред нашиот нос, а не ги забележуваме.
Филмот е сниман по новела на познатата писателка Сесилија Ахерн, а режијата е на Кристијан Дитер. Главните улоги ги толкуваат Лили Колинс и Сем Клифин.